Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Личните желби не се важни, важно е СДСМ да го одбере најдобриот кандидат за претседател

Oliver voa
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е во посета на САД, во интервју за сервисот Гласот на Америка, се осврнува за претстојните избори во државата, очекувањата за исходот на мајските избори за владејачката СДСМ, но и за борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Одговарајќи на прашањето дали може да се очекува негова кандидатура на претстојните претседателски избори, Спасовски посочи дека личните амбиции моментално не се важни и дека за СДСМ е важно да се одбере најдобриот кандидат за претседател и најдобрите кандидати за пратеници.

„За мене е важно оваа европска опција, овие луѓе кои размислуваат за иднината, да бидат тие кои ќе ја добијат довербата од граѓаните и целосно ќе бидам посветен и ќе одработам во тој правец. Така што, личните цели и амбиции на кој било поединец во државата, сега, во овој момент се најмалку важни. Постапките течат внатре во партијата и најважно е да се одбере најдобриот кандидат за претседател на државата и најдобрите кандидати за пратеници“ посочи Спасовски, додавајќи дека проевропскиот концепт има сериозна предност пред концептот што значи уназадување.

 

Можете да прочитате

Обемна полициска акција против економски криминал, кривични пријави за 33 лица, 11 од нив уапсени

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните