Утрински Весник
Спорт

Клаузула во договорот не му дозволува на Адеми дадобие повеќе минути на теренот

Клаузула во договорот не му дозволува на Адеми дадобие повеќе минути на теренот
Dik 300x250 mk

Аријан Адеми пред еден месец се врати од Кина откако помина само шест месеци во Пекинг Гуан. Динамо со недели преговараше со Кинезите и го договори враќањето на капитенот во последните часови од преодниот рок. Динамо на Пекинг му плати 300.000 евра за македонскиот репрезентативец.

dobivaj vesti na viber

Динамо немаше време да го пријави Адеми за натпреварите од групата во Конференциската лига и тој сезонава ќе може да игра во Европа само доколку Динамо влезе во нокаут-фазата. Откако се врати во Динамо, Адеми одигра седум минути против Славен, 28 против Рудеш и 27 во средата против Пониво во Купот.

Бонусите се причина што Адеми досега не одигра премногу минути за Динамо, иако немаше преголема потреба за негово влегување во тие натпревари бидејќи тие беа веќе решени.

Имено, доколку Адеми до крајот на оваа година за Динамо одигра повеќе од 35 минути во просек на осум натпревари (не сметајќи го судиското надополнување), Динамо мора да им плати на на Кинезите 500.000 евра. Доколку до крајот на сезоната одигра повеќе од 35 минути на 15 натпревари, уште 700.000 евра ќе добијат Кинезите, што значи дека Адеми на крајот би можел да го чини Динамо 1.300.000 евра.

До крајот на сезоната Динамо го очекуваат уште девет дербија со Хајдук, Осиек и Риека, а за очекување е Адеми да одигра најмногу на тие натпревари.

До зимската пауза на распоредот има четири дербија (две со Хајдук и по едно со Риека и Осиек) во кои Адеми речиси сигурно ќе одигра повеќе од 35 минути. Доколку му ја ограничи минутажата, Динамо би избегнал да го плати споменатиот бонус од половина милион евра до крајот на годината, а останува само оној од 700.000, кој Адеми би можел да го исполни напролет.

Foto/ Index.hr

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја