Утрински Весник
Македонија

Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај, заштита од имотни деликти

Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај, заштита од имотни деликти

На подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес, Охрид, Тетово, Штип и Куманово во текот на вчерашниот ден беа реализирани низа превентивни активности кои што во најголем дел беа посветени на сообраќајната безбедност на децата, но и генерално за нивната безбедност во самите училишта, особено во контекст на појавите на врсничко насилство и слично, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„Притоа, на подрачјето на СВР Битола, во Битола во три основни училишта беа реализирани едукативни работилници од областа на сообраќајните правила и прописи за децата како учесници во сообраќајот – пешаци или како корисници на велосипеди и тротинети. Исто така, сообраќајот беше тема на активностите и во Македонски Брод и во Крушево, но пред се наменети за возачите на моторни возила, а напоредно со тоа во Крушево беше реализирана и превентивната активности за заштита од пожари на отворен простор на локации во близина на излетничко рекреативни места во околината на Крушево.

И на подрачјето на СВР Куманово, односно во Крива Паланка во ООУ „Јоаким Крчовски“, вчера беше заокружена повеќедневната сообраќајна едукација на учениците од сите одделенија насловена како „Сообраќаен буквар“, додека пак на подрачјето на СВР Велес, односно во ООУ „Димка Ангелов Габерот“ во село Ваташа, кавадаречко, сообраќајна едукација беше реализирана за првооделенците. Дополнително, во ова училиште а за учениците од повисоките одделенија беше реализирана наменски подготвена работилница на темите од врсничкото насилство.

Вчера СВР Тетово иницираше средба со директорите на шесте тетовски средни училишта на која што присуствуваа и претставници на локалната власт и на училишните совети на родители, со примарна цел воспоставување поквалитетна соработка во насока на максимална безбедност во училиштата и надвор од нив“, соопшти МВР.

На подрачјето на СВР Охрид пак, беа реализирани неколку тематски различни превентивни активности во Охрид, Кичево и Струга. Во Охрид Отсекот за превенција реализираше активности од областа на сообраќајната безбедност и заштитата на граѓаните од имотни деликти, а во просториите на ПС од ОН Струга се одржа средба со претставници на месни заедници од струшко во врска со мерките и активностите за заштита од пожари на отворен простор, особено при изведување на земјоделски работи. Во Кичево превентивната активност, исто така, беше посветена на заштитата од имотни деликти.

На подрачјето на СВР Штип, односно во Берово, полициски службеници од ОВР Берово на повеќе сообраќајници во градот спроведоа превентивна активност за задолжителното носење на сигурносни појаси, како за возачите така и за сопатниците во возилата, се додава во соопштението на МВР.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер