Приведен 37-годишен тетовец за кражба од автомобил.
Според информациите, вчера, околу 18.50 часот, на улицата Киро Ристевски-Дрнц во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот тетовец Г. С. поради сомнение дека околу 14 часот на улицата Јане Сандански во Тетово извршил кражба во патничко возило „фиат добло“.
Кај него бил пронајден и одземен личен предмет, кој подоцна му бил вратен на сопственикот Ш. А. (45) од Тетово. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе му биде поднесена соодветна пријава.