Утрински Весник
Македонија

Власта отвори можност бугарската мафија да основа коцкарници во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Власта отвори можност бугарската мафија да основа коцкарници во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Dik 300x250 mk

Власта на ДУИ и Ковачевски шверцерски со потпис на Артан Груби протнала одлука за основање на дури три нови онлајн коцкарници, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Во услови кога народот тоне во сиромаштија тие наместо да работат на подобар стандард формираат коцкарници кои уште повеќе ќе ги осиромашуваат граѓаните.

Да биде ова уште посомнително, власта воведува услови кои ги дисквалификуваат домашните фирми и отвораат можност да влезе капитал од бугарското подземје каков што е ликот Васил Бошков Черепот. Токму овој лик поврзан со бугарската мафија, кој живее во Дубаи, се занимава со бизнисот со коцкарници и условите за бизнисот во Македонија кои ги определува Владата му отвораат можности на бугарското подземје да навлезе во државата“ додаваат од партијата.

Ова не само што е лицемерно од страна на власта која го осиромашува народот, туку е и крајно опасно за државата, порачаа од опозициската партија.

Можете да прочитате

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!