Утрински Весник
Спорт

Флорентино Перез минатата сезона побарал Модриќ да биде резерва

Флорентино Перез минатата сезона побарал Модриќ да биде резерва

Поразот на Реал кај Атлетико, во градското дерби, се уште е една од главните теми во шпанската спортска јавност. Атлетико го победи Реал со 3:1, со што го прекина перфектниот старт на „карскиот клуб“.

dobivaj vesti na viber

Лука Модриќ (39) беше стартер само вторпат оваа сезона во Примера, а според пишувањата на шпанските медиуми, тој беше и еден од најлошите играчи на теренот. Анчелоти го замени веќе на полувремето, набргу откако Модриќ доби жолт картон поради приговор.

На прес-конференцијата по поразот главна тема беше Модриќ. Новинарите беа изненадени што хрватскиот ветеран играше од почеток.

„Почнав со Модриќ затоа што сакав да го контролираме поседот на топка и сакав да го одморам Чуамени, кој игра многу во последно време“.

На прашањето како реткото вклучување на Модриќ во стартниот тим влијаеше на тактичката поставка, тренерот на Реал одговори: „Во дијамантот или системот 4-1-2-1-2, Модриќ беше десетка, играч од средниот ред зад напаѓачите, а двајцата пред голот беа Белингем.и Родриго“.

Анчелоти не криеше зошто го заменил Модриќ веднаш на полувремето.

„Затоа што Атлетико беше подобар од нас. Тие рано постигнаа два гола, подобро се бранеа и брзо одеа во транзиција. Не сакам да го вперувам прстот кон никого и да му го направам тоа на Модриќ би било премногу, но тој одигра лошо, исто така лоши беа и неговите соиграчи. Затоа на полувремето наместо Модриќ го ставив во игра напаѓачот Хоселу за да бидеме поопасни понатаму“.

Лошиот настап на Модриќ во најважниот и најголемиот натпревар од почетокот на сезоната е само продолжение на неговите настапи далеку под нивото на кое ги навикна навивачите на Реал.

Со исклучок на натпреварот против Унион Берлин во Лигата на шампионите, каде што се истакна, Модриќ, според пишувањата на шпанските медиуми, одиграл слабо на сите други натпревари. Неговите лоши настапи ги криеше победничката серија на Реал.

Кога Атлетико убедливо ја прекина низата и патем откри голем број слабости на Реал, тоа го предизвика гневот на претседателот Флорентино Перез кон италијанската и хрватската легенда на клубот.

Марио Кортегана, инсајдерот на Реал и новинар на Атлетик, пишува за поразот од Реал во дербито и очајната игра на Модриќ.

„Перез е многу несреќен што Модриќ и Крос се уште формираат тандем во редот за врска, особено на важните натпревари. Тој не сака повеќе да играат и тоа му го кажал на Анчелоти неколку пати, дури и минатата сезона“.

Претседателот на Реал сака средината на теренот да биде формирана од млади, моќни играчи за кои тој скапо плати и бараше од Анчелоти минатата сезона да направи смена на генерации. Со доаѓањето на Белингем уште поинтензивно инсистираше на тоа.

Модриќ и Крос навистина добија продолжување на договорите за уште една сезона, но на сметка на нивните стари заслуги и како симболи во соблекувалната кои повремено ќе играат, но нема да бидат клучни играчи.

Foto/ EPA

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо