Утрински Весник
Култура

ОН организира натпревар во цртање одбележувајќи ја 75-годишнината од Универзалната декларација за човекови права

ОН организира натпревар во цртање одбележувајќи ја 75-годишнината од Универзалната декларација за човекови права

Одбележувајќи ја 75-годишнината од Универзалната декларација за човекови права а во пресрет на претстојниот Ден на ОН (24 октомври 2023 година), семејството на ОН во Северна Македонија организира натпревар во цртање за деца и млади, на возраст од шест до 30 години.

dobivaj vesti na viber

Децата и младите, од целата земја, можат да учествуваат на натпреварот во цртање за човекови права 2023 година. Целта на овој натпревар е да ја вклучи помладата генерација во застапувањето за човекови права, да ја подигне нивната свест за важноста на заштитата на човековите права и придобивките што овие механизми ги носат за сите. Универзалната декларација за човекови права (УДЧП) е пресвртна точка во историјата на човековите права, донесена од Генералното собрание на Обединетите нации во Париз на 10 декември 1948 година како заеднички стандард на мерење на постигнувањата на сите народи и сите нации. Овој документ за прв пат ги поставува основните човекови права кои треба да бидат универзално заштитени, трасирајќи го патот за усвојување на повеќе од седумдесет договори за човекови права, што денес имаат трајна примена на глобални и регионални нивоа.

„Кога зборуваме за човековите права, наша заедничка должност е да се погрижиме ничии права да не се прекршуваат и секој да има шанса да преживее, да напредува и да придонесе за развојот на нашето општество.

Со овој натпревар во цртање, ги покануваме децата и младите да ни се придружат и да застанат во одбрана на човековите права (#StandUp4HumanRights)“, вели организаторот.

Датум на аплицирање: од 25 септември до 10 октомври 2023 година.

Правила: Оригинален цртеж кој ги слави придобивките што ги носат или можат да ги донесат човековите права за секого, според Универзалната декларација за човекови права.

Цртежот треба да прикаже некои од придобивките што усвојувањето на човековите права, според Универзалната декларација за човекови права, може да ги има во животот и развојот на секој човек, додека фокусот е на тоа како дополнително да се унапредат тие права за доброто на сите.

Конкурсот е отворен за сите заинтересирани лица, на возраст од 6 до 30 години.

Секое испратено уметничко дело ќе биде прикажано за време на активностите за одбележување на Денот на ОН 2023 година на интернет, додека цртежите на тројцата победници во шест возрасни групи (6-8; 9-11; 12-14; 15-17; 18-21; 22 -30) и цртежот на главниот победник ќе бидат испечатени како плакати. Ќе биде избран и “најпопуларен” цртеж, врз основа на добиените лајкови на нашата Фејсбук страница во периодот на објавување од 11 до 18 октомври 2023 година.

Изложбата на дваесетте цртежи ќе биде организирана во Музејот на современа уметност во Скопје, почнувајќи од 24 октомври 2023 година, каде ќе бидат прогласени победниците на Конкурсот.

„Како да аплицирате? Ова е најлесниот дел. Сè што треба да направите е да ја следите Фејсбук страницата на ОН за Северна Македонија, да го нацртате вашето ремек дело, да го фотографирате (по можност со висок квалитет во .jpg формат), да ни го испратите преку порака на Фејсбук. Наведете го името, презимето и возраста на авторот, краток опис на цртежот и информации за контакт (за лица над 18 години) или информации за контакт на родител/старател (за лица под 18 години)“, истакнуваат организаторите.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“