Утрински Весник
Македонија

Серафимовска: ДПМНЕ се распаѓа, во дворските игри и пресметки Мицкоски да не ја меша СДСМ

Серафимовска: ДПМНЕ се распаѓа, во дворските игри и пресметки Мицкоски да не ја меша СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа. Во дворските игри и пресметки Мицкоски да не ја меша СДСМ, изјави Мелиса Ценовска Серафимовска, членка на Централниоит одбор на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Таа рече дека се видливи големи внатрепартиски проблеми во ДПМНЕ и анти ЕУ кампусот.

„ДПМНЕ се распаѓа. Обидите за создавање конфузија во јавноста и очајната потреба да ја вмеша и СДСМ во внатрешните поделби и кавги во ДПМНЕ нема да му помогнат на Мицкоски. Во дворските игри и пресметки Мицкоски да не ја меша СДСМ и сам да си ги решава кавгите“,  рече Ценовска Серафимовска.

Како што додаде Ценовска-Серафимовска, Мицкоски е бледа копија на Груевски. Изјави дека политиката на блокада на Мицковски е исто така само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме