Утрински Весник
Македонија

35-годишен маж загина во пожарот во зградата во Хром

Тинејџер почина во Карпош: Му се слошило, реанимациите биле неуспешни

Триесет и петгодишен скопјанец е пронајден изгорен во стан во пожарот што избувна утрово во скопската населба Хром.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР за „Макфакс“, пожарот избувнал во 9.47 часот на улицата Исаија Маџовски.

„Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а во опожарениот стан пронајден е починат И. Ј. (35) од Скопје. Смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош“, велат од полицијата.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пожарот го гаснеле три противпожарни возила, а горело на четвртиот кат од петкатницата. Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Можете да прочитате

Безживотно тело пронајдено на Шар Планина – интервенирал хеликоптер

Тага во Битола: Ивана загина на патот Битола–Прилеп, нејзината гимназија се прости со емотивна порака

Стефанија Кузмановска е нова претседателка на СДММ