Утрински Весник
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Охридскиот Регион го задржа престижниот статус на исклучителна универзална вредност

Костадиновска-Стојчевска: Охридскиот Регион го задржа престижниот статус на исклучителна универзална вредност

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска одржа прес-конференција во врска со заклучоците од 45. сесија на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО, што се одржа од 12 до 17 септември во Ријад, Саудиска Арабија, каде што беше соопштено дека Охридскиот Регион останува на листата на светското културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност.

dobivaj vesti na viber

На прес-конференцијата беа присутни и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Зоран Павлов.

Како што нагласи Костадиновска-Стојчевска, со оваа одлука Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ги уважи нашите напори, како и заедничките напори со Република Албанија, за зачувување на престижниот статус на Охридскиот Регион. Како што истакна министерката за култура, Комитетот го вреднуваше и фактот дека експертските тимови на двете држави заеднички изготвија стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион со акциски план.

„Тоа е значаен чекор во детектирањето и справувањето со факторите што имаат негативно влијание врз вредностите на регионот. Изготвувањето на стратегискиот план беше поздравено од Комитетот, со препорака заедно со Албанија да ги допрецизираме временската рамка за имплементација, буџетот и приоритетите на активностите од стратегискиот план. Тоа значи дека со Република Албанија нè чека многу заедничка работа. Ние ги споделуваме природните убавини, но и одговорноста за Охридското Езеро“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа повтори пред новинарите дека Комитетот високо го вреднува донесувањето на стратегискиот план заедно со Република Албанија како потврда за нашите искрени намери за зачувување на статусот и подготвеност за работа дома и за интензивна соработка со УНЕСКО.

„Престижниот статус останува, но остануваат и препораките за негово зачувување. Препораките не се лесни и нивното реализирање бара наше целосно внимание. За да постигнеме успех во тоа, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските – и централната власт и локалната самоуправа, и установите и граѓаните. Од нашата соработка ќе зависи имплементацијата на посочените мерки за рехабилитација на регионот. Обврските се точно адресирани“, рече на денешната прес-конференција Костадиновска-Стојчевска.

 

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер