Утрински Весник
Македонија

Пуштена во употреба новата општинска зграда на општина Ѓорче Петров

Пуштена во употреба новата општинска зграда на општина Ѓорче Петров

На површина од 3.285 м2 поделена на 5 нивоа, со 66 нови канцеларии, 2 сали за состаноци, амфитеатар, 4 чајни кујни, тоалети и тоалети за лица со инвалидитет, два лифта и останати технички простории, вчера вечер беше пуштена во употреба новата општинско-административна зграда на Општина Ѓорче Петров.

dobivaj vesti na viber

Граѓаните на Ѓорче Петров, после деценија градба, ќе добиваат централизирани услуги на едно место, а на вработените им се овозможуваат сите современи услови за работа.

На настанот присуствуваа голем број гости и соработници на општината, советници, поранешни градоначалници итн. Гостин беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците од партијата и други високи гости.

На отворањето се обрати градоначалникот Александар Стојкоски кој рече дека нема сфера од општественото живеење што Општина Ѓорче Петров не ја опфати со работа во изминатите две години.

– Ѓорче Петров мора да продолжи да се развива. Ве уверувам дека ништо нема да не поколеба на патот до реализација на паролата „Урбано Ѓорче“, истакна Стојкоски.

Иднината зависи од она што го правите денес, додаде градоначалникот, а она што ние го правиме денес останува во рацете на нашата иднина.

– Нема поголем мир во душата од тоа да знаеш дека создаваш за генерациите. Моја желба е да оствариме уште многу капитални чекори заедно во годините што доаѓаат. За неполни две години успеавме да оствариме голем процент од програмата за работа и да реализираме многу ветувања дадени пред граѓаните, нагласи Стојкоски.

На свеченоста говор одржа и претседателот на Советот на Општина Ѓорче Петров, Ленче Нелоска која истакна новата зграда е во корист на граѓаните и оти се надева дека овој грандиозен објект ќе остане во наследство на генерациите и потсетник за едно време кога вистински, отчетно, чесно и транспарентно се работи.

– Дозволете да им честитам и на вработените во Општина Ѓорче Петров што конечно ќе имаат услови за работа какви што заслужуваат. Тие се моторот на целиот процес и верувам во уште подобри резултати во иднина, рече Нелоска.

Општина Ѓорче Петров со повеќе настани го одбележува 20 Септември – Денот на Општина Ѓорче Петров.

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ