Утрински Весник
Спорт

Мурињо инсистира: Рома не го загуби финалето од Лига Европа од Севилја

Мурињо инсистира: Рома не го загуби финалето од Лига Европа од Севилја

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо инсистира дека неговиот тим „не загубил“ од Севилја во финалето на Лига Европа минатата година, иако „волчицата“ загуби на пенали во драматичен и контроверзен меч во Будимпешта.

dobivaj vesti na viber

Рома дојде во водство со голот на Пауло Дибала, но Џанлука Манчини си постигна автогол за продолженија и пенали по кои Севилја ја освои рекордната седма титула од Лига Европа во меч во кој 14 играчи и тренери добија жолти картони. Мурињо, кој тогаш беше бесен на судењето на англискиот судија Ентони Тејлор, вели дека тоа не бил пораз.

„Ова е различна сезона од минатата, поинакво натпреварување. Ќе продолжам да кажувам до крај дека не го загубивме тоа финале в Будипешта. Секогаш кога ќе ме прашаат го кажувам тоа – ние не загубивме“, вели Мурињо.

Можете да прочитате

Дисциплинска постапка против ФК Шкендија по инцидентите во финалето од Купот на Македонија

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија

Гвардиола му честиташе на Арсенал за освојувањето на титулата во Премиер лигата