Утрински Весник
Економија

Млеко, месо, леб, пекарски производи, тестенини: Бектеши го објави списокот со гарантираните цени, кои треба да се применат од утре

Млеко, месо, леб, пекарски производи, тестенини: Бектеши го објави списокот со гарантираните цени, кои треба да се применат од утре

Министерот за економија Крешник Бектеши го објави списокот на прехранбени производи, кои во согласност со одлука на Владата треба да поевтинат 10 отсто од цената по која се продавале на 1 август во трговијата на мало.

dobivaj vesti na viber

Овие производи, како што рече Бектеши, во маркетите ќе бидат обележани со гарантирана цена до крајот на ноември 2023 година.

Тој соопшти дека листата е утврдена и цените ќе треба да се применат по објавувањето во „Службен весник“.

Леб и пекарски производи, млеко и млечни производи, месо, тестенини и слично, се дел од производите што ги најави Бектеши.

Бектеши ги повика и производителите и трговците да се координираат бидејќи пазарните инспектори, како што рече, ќе издаваат казнени налози со забрана за вршење дејност, односно продавниците ќе бидат затворани.

„Треба да ги одбележат сите овие производи со натписот ‘гарантирана цена’, која е објавена на веб-страницата на Министерството за економија и овие производи количински да ги снабдуваат најмалку за 70 отсто во однос на количините од август 2023“, рече Бектеши.

Појасни дека продолжуваат преговорите со производителите и дистрибутерите на безалкохолни пијалаци за намалување на цените и на овие производи.

За оние што сакаат да манипулираат, како што рече, најавени се строги контроли и казни.

Можете да прочитате

Голем инвестициски циклус во здравството: Нови болници, современа опрема и поквалитетна грижа за пациентите

Над 10.000 работни места под ризик: АСОМ бара повлекување на Предлог-законот и отворање дијалог

МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, релизирани 92 отсто од вкупните средства