Утрински Весник
Економија

Сојузот на стопанските комори: Данокот на екстра профит создава несигурност

Сојузот на стопанските комори: Данокот на екстра профит создава несигурност

Погубен и деструктивен за бизнисот и за стопанството во целата држава е Законот за данокот за екстра оданочување, популистички наречен данок на солидарност, реагираат од Сојузот на стопанските комори на Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Покрај што во самото создавање на законот воопшто не беа земени предвид забелешките на тие што треба да го плаќаат, вака како што е донесен ќе направи непоправлива штета за компаниите. Законот, пред сè, се коси со начелата на бизнисот, со правата на инвеститорите и со исплатата на дивиденда. Трошоците за данокот на солидарност излегуваат надвор од деловните годишни планови по затворање на фискалната година, распределбата на дивиденда, отсуствуваат од годишните инвестициски и развојни стратегии. Оној што малку се разбира во деловно и финансиско работење знае колку погрешни се овие мерки и колку погубни резултати ќе има врз бизнисот“, оценуваат од Сојузот.

Не постои пример во светот, велат тие, каде што се носи закон за ретроактивен период, закон кој условува, кој демотивира и дестимулира.

Ваков закон, како што појаснуваат, се носи за најголемите плаќачи на данок и тие што ја полнат државната каса. Оценуваат дека со носењето на овој закон Владата испраќа порака дека плаќачите на данок треба двојно да плаќаат и сè за сметка на неплаќачите на данок, кои сега се посебно стимулирани.

„Концептот на данокот ги демотивира субјектите за нови инвестиции затоа што повисок данок ќе платат субјектите што реинвестираа од добивките во претходните три години, што претставува лоша порака за идните инвеститори.

На ваков начин, со дополнително казнување на оние што ја крепат државната економија и што го развиваат БДП на државата, македонската економија нема иднина“, се истакнува од страна на Сојузот на стопанските комори на Македонија.

Можете да прочитате

Зголемување на трговската размена: Турција и Северна Македонија целат кон 1 милијарда долари

Бислимовски најави продолжување на периодот за користење евтина струја за уште еден час

Најавата за нов заем очекувана, поважно е од каде и под кои услови ќе биде земен и како ќе биде потрошен, сметаат експертите