Утрински Весник
Спорт

ЕСПН: Само Мајами Хит покажа интерес за Лилард

ЕСПН: Само Мајами Хит покажа интерес за Лилард

Ситуацијата со бекот на Портланд Демијан Лилард се уште е „статус кво“. Најдобриот кошаркар на Портланд пред два месеци побара трејд. Портланд не брза премногу да го испрати Лилард во друга екипа. Она што треба да се истакне е дека во моментов нема многу франшизи кои можат да влезат во преговори за Лилард.

dobivaj vesti na viber

Всушност постои само едена франшиза, а тоа е Мајами. Хит беа спомнати како дестинација на Лилард уште пред два месеци, а очигледно ниту една од 28. франшизи нема намера да испрати понуди до Трејл Блејзерс.

ЕСПН, пишува дека нема индикации дека решението е на повидок, што значи дека најголема е веројатноста Лилард да остане во Портланд.

Сепак, американската телевизија направи проекција како би можел да изгледа евентуалниот трејд на релација Мајами-Портланд.

Добро информираниот новинар Боби Маркс вели дека е можна размена во која Јусуф Нуркиќ ќе замине со Лилард во Мајами, додека Тајлер Хироу, Кајл Лаури, Хаиме Хакес и Никола Јовиќ би се преселиле во Орегон. Покрај тоа, Портланд би добил и неколку пикови од Мајами.

Со оглед на тоа дека Лилард има огромен договор и дека има 32 години, тимот што сака да го земе треба да излезе со примамлива понуда за Трејл Блејзерс како и да биде претендент за титула.

Портланд, од друга страна, би добил млади играчи и доколку франшизата реши да изгради тим за следните неколку сезони, тогаш би можеле да се согласат на вакво нешто. Хироу би се вклопил со Скот Хендерсон и Шејдон Шарп, додека доаѓањето на Хакес и Јовиќ би било важно за засилување на тимот на високите позиции.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо