Утрински Весник
Свет

Саркози за Путин: Кога мавтате со црвена крпа пред носот на бик, немојте да се чудите ако тој ве нападне

Саркози за Путин: Кога мавтате со црвена крпа пред носот на бик, немојте да се чудите ако тој ве нападне
Dik 300x250 mk

Поранешниот француски претседател Никола Саркози рече дека политичарите кои велат дека е невозможно да се разговара со Путин едноставно никогаш не го направиле тоа.

dobivaj vesti na viber

Според него, претседателот на Русија бил испровоциран да ја нападне Украина.

„Кога мавтате со црвена крпа пред нос на бик, немојте да се чудите ако ве нападне, изјави поранешниот француски претседател во интервју за „BFM-TV“.

Тој изјави дека во руската војна против Украина веќе загинале 500.000 луѓе.

Тој исто така истакна дека Русија и рускиот лидер се агресори, а Украина е жртва, како и дека светот треба да размисли како да ја прекине војната.
Според него, постојат две опции, од кои едната е уништување на Русија.

„Но, ние нема да ја уништиме втората по големина нуклеарна сила во светот, инаку светот ризикува да се лизне во тотална војна“, рече тој.

Претходно Саркози изјави дека Украина треба да одбие да влезе во НАТО и ЕУ и повика на мировни преговори како единствено решение за прекин на конфликтот.

Исто така, тој ги оцени намерите на Украина да го ослободи Крим како „илузорни“, пренесуваат медиумите во регионот.

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи