Утрински Весник
Свет

Русија протера двајца американски дипломати поради шпионажа

Русија протера двајца американски дипломати поради шпионажа

Руското Министерство за надворешни работи прогласи двајца американски дипломати за персона нон грата и им нареди да ја напуштат земјата во рок од седум дена поради нивната наводна вмешаност во „незаконски активности“.

dobivaj vesti na viber

Министерството во соопштението наведува дека првиот секретар во американската амбасада во Русија, Џефри Силин и вториот секретар Дејвид Бернштајн „одржувале контакт“ со поранешниот вработен во американскиот конзулат во Владивосток, кој беше уапсен на почетокот на годината. Човекот е обвинет за собирање информации за американските дипломати за руската воена акција во Украина и поврзани прашања.

Според соопштението, американската амбасадорка во Русија Лин Трејси денеска била повикана во министерството кога и било соопштено дека Силин и Бернштајн се протеруваат.

„Исто така, беше нагласено дека незаконските активности на американската дипломатска мисија, вклучително и мешањето во внатрешните работи на земјата домаќин, се неприфатливи и решително ќе бидат потиснати. Руската страна очекува Вашингтон да донесе правилни заклучоци и да се воздржи од конфронтација“, се наведува во соопштението.

Засега нема коментари од американската амбасада или од Стејт департментот, јави АП.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), водечката агенција за безбедност во земјата, минатиот месец објави дека Роберт Шонов, поранешен вработен во американскиот конзулат во Владивосток, е уапсен.

Тој е обвинет за собирање информации за специјалната воена операција, процесот на мобилизација во руските региони, проблемите и проценките за нивното влијание врз протестните активности на населението пред претседателските избори во 2024 година.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет