Утрински Весник
Македонија

Приведени крадци од Куманово, затекнати при вршење кривично дело во Маврови Анови

Во фабрика во Велес уапсени тројца крадци од Скопје

Синоќа, околу 21 часот, во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д. С. (52) и С. М. (55), двајцата од Куманово.

dobivaj vesti na viber

Тие биле затекнати како од две возила оставени на паркинг, сопственост на јавно претпријатие во кое работеле, со црева одзеле гориво од резервоарите. Кај нив биле пронајдени и одземени седум пластични канти со гориво и две црева.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе им бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Марихуана наместо храна, перници и јоргани – разоткриена шверцерска рута преку Табановце

Гужви на бензинските по објавувањето на новите цени на горивата

Притвор и кривични по крвавата пресметка во Аеродром – двајца тешко повредени