Утрински Весник
Свет

Луксузни куќи во Хонг Конг на работ на уништување, сопствениците ги прекршиле правилата за градба

Луксузни куќи во Хонг Конг на работ на уништување, сопствениците ги прекршиле правилата за градба
Dik 300x250 mk

Луксузните дворци покрај карпа во Хонг Конг се на работ на уривање по рекордните дождови во кои загинаа две лица, а повеќе од сто беа повредени. Дополнително, свлечишта имаше во градот. Полицијата во Хонг Конг запечати најмалку три имоти на полуостровот Редхил, крајбрежна станбена област на јужната страна на островот, и евакуира еден што беше во непосредна опасност.

dobivaj vesti na viber

Фотографиите од резиденциите вредни повеќе милиони долари покажуваат дека големи делови од карпата под базените и градините се урнати. Надлежните им потврдија на медиумите дека има докази за незаконски или неовластени градежни работи на двата погодени имота, вклучувајќи диво изграден базен и подрум за кој наводно е урнат дел од потпорен ѕид, пишува „Гардијан“.

Владините ресори сè уште истражуваат дали дивоградежните работи се поврзани со одроните. Секретарот за развој, Бернадет Лин, им рече на новинарите во неделата дека „примарниот фокус во овој момент е да се стабилизира наклонот за да се обезбеди јавна безбедност“.

„Кога тоа ќе се направи, ќе продолжиме со неопходните мерки против прекршување на законот“, најави таа. Таа додаде дека владините служби го процениле наклонот склон на лизгање на земјиштето и дека ќе извршат итна стабилизациска работа пред да им се дозволи на евакуираните да се вратат.

Тајфунот Хаикуи е одговорен за најсилните дождови од почетокот на евиденцијата во Хонг Конг пред 140 години, што предизвика големи поплави и лизгање на земјиштето минатата недела.

Поплавени се патиштата и станиците на метрото, а отсечени се и некои крајбрежни села. Предупредувањата за лизгање на земјиштето останаа во сила во текот на викендот и вчера, при што луѓето беа предупредени да избегнуваат ризични области и патишта.

Можете да прочитате

Трамп во Јапонија танцуваше со војниците

Политико: Унгарија, Чешка и Словачка сакаат да формираат сојуз на скептици кон Украина

Лавров: Европа се подготвува за војна