Утрински Весник
Спорт

(Видео) Асани со најубавиот гол оваа недела ја урна Полска, Митровиќ со хет-трик за Србија

(Видео) Асани со најубавиот гол оваа недела ја урна Полска, Митровиќ со хет-трик за Србија

Холандија и Србија забележаа важни гостински победи во квалификациските мечеви за Европското првенство во 2024 година, додека Албанија ја совлада и Полска за да се зацврсти на првото место во својата група Е.

dobivaj vesti na viber

Холанѓаните по катастрофалниот старт на квалификациите со 4:0 пораз од Франција, се враќаат со три побеи во низа, триумфирајќи на гостувањето во Даблин кај Република Ирска со 2:1. Домаќините дојдоа до експресно водство со гол од пенал уште во петтата минута преку Алан Ајда, но „лалињата“ во 19. минута израмнија исто така со гол од белата точка на Коди Гакпо. Трите поени за тимот на Роналд Куман ги обезбеди Вут Вегхорст во 56. минута.

Србите, пак, по домашниот пораз од Унгарија во претходното коло, стигна до 3:1 победа на гостувањето кај Литванија благодарение на хет-трикот на Александар Митровиќ (21., 32. и 43. минута).

Албанија продолжува да е едно од најпријатните изненадувања во овој квалификациски циклус, совладувајќи ја Полска со 2:0 за прво место на табелата и зголемување на притисокот на полскиот селектор, Фернандо Сантош. Несудениот македонски репрезентативец, скопјанецот Јасир Асани ги донесе домаќините во водство во 37. минута со апсолутно прекрасен гол, за Мирлинд Даку во 62. минута да го запечати триумфот.

ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Б
Грција – Гибралтар 5:0
Ирска – Холандија 1:2

Standings provided by Sofascore

ГРУПА Е
Албанија – Полска 2:0

Standings provided by Sofascore

ГРУПА Г
Литванија – Србија 1:3

Standings provided by Sofascore

ГРУПА Х
Сан Марино – Словенија 0:4

Standings provided by Sofascore

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024