Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ ја освои 24. Грен слем титула во кариерата

Ѓоковиќ ја освои 24. Грен слем титула во кариерата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победи на Ју-ес опен и ја освои 24. Грен слем титула во кариерата. Ѓоковиќ во извореден меч го победи Данил Медведев со 3:0 (6:3, 7:6, 6:3). Финалето во Њујорк траеше три часа и 17 минути.

dobivaj vesti na viber

Ѓоковиќ, исто така се врати на првото место на АТП листата. Тој ја започна 390.недела како светски број 1. Српскиот тенисер го израмни и апсолутниот рекорд на Маргарет Корт од 24 Грен слем титули.

Откако го освои последниот поен, емотивниот Ѓоковиќ се сети и на својот голем пријател, Коби Брајант кој трагично загина во хеликоптерска несреќа.

По освојувањето на титулата, Ѓоковиќ извади маица со бројот 24 и порака: „Мамба, засекогаш“. Бројот 24, Брајант го носеше во еден дел од својата кариера во ЛА Лејкерс.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл