Утрински Весник
Спорт

Елмас: Физички семе исцрпени, недозволиво е да се игра во вакви услови

Елмас: Физички семе исцрпени, недозволиво е да се игра во вакви услови

Елиф Елмас одигра уште еден брилијантен натпревар во дресот на македонската репрезентација. Неговиот обид во 75.минута, кога топката за малку заврши крај голот, беше најава за голот на Барди со кој Македонија одигра 1:1 против Италија.

dobivaj vesti na viber

Елмас пред мечот имаше емотивна средба со поранешниот тренер Лучано Спалети, кој дебитираше како селектор на Италија.

„Секогаш е тешко кога играш против европски првак. Игравме дисциплинирано и во првото и во второто полувреме. Тактички игравме дисциплинирано. Кога го примивме голот моравме да ја смениме концепцијата, видовте дека тогаш излеговме високо, игравме човек на човек. Тогаш се смени текот на играта. Теренот беше многу лош. Во вакви услови е недозволиво да се игра во Европа“, рече играчот на Наполи по мечот.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност