Утрински Весник
Култура

Тројца македонски режисери во Венеција годинава

Тројца македонски режисери во Венеција годинава

После премиерата на Столевски, а во рамки на најсмелата и најпровокативна програма на Венециски филмски фестивал, „Авторски денови“, вчера, на 6 септември, својата светска премиера ја имаше и најновото филмско остварување на Теона Стругар Митевска “21 ден до крајот на светот“.

dobivaj vesti na viber

Возбудената публика уживаше и во плодната дебата за суштинските прашања за слобода, слобода на израз, феминизмот денес, која се разви за време на сесијата за прашања и одговори по прикажувањето на филмот.

“Македонскиот филм издоминира на најстариот фестивал на филмот во Венеција, претставен преку тројца наши автори. Секој успех и секој автор говори сам за себе, но ваквото силно присуство во различни програми на тројцата наши режисери, остава национален печат и јас сум премногу горд што го доживувам овој значаен момент. Уште еднаш честитки за сите тројца, но и за екипите со кои ги сработија проектите”, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

Тамара Котевска на Венецискиот флмски фестивал како една од тројцата светски автори чии филмови влијаат на општеството и ја менуваат свеста на луѓето за важни социјални теми.

Таа ја раскажува приказната за создавањето на нејзиниот нов документарен филм „The Walk“, филм кој го следи пеколниот пат на бегалците од Сирија до Англија и кој го открива лицемерието на Европа во тој процес на “одење” од земја во земја.

Тамара Котевска е првиот режисер од Македонија која е поканета да биде говорник на овој исклучително важен настан во рамките на Венецискиот Филмски фестивал

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција вчера ја имаше својата светска премиера, токму на на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција. Премиерата заврши со овации и со честитки, а филмските критики се фантастични.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“