Утрински Весник
Спорт

Гвардиола го сакал Дани Олмо како замена за повредениот Де Брујне

Гвардиола го сакал Дани Олмо како замена за повредениот Де Брујне

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, побарал од клубот да го ангажира офанзивниот играч за врска на Лајпциг, Дани Олмо, како замена за Кевин де Брујне, тврди каталонскиот весник „Спорт“. Барањето на стратегот дојде по повредата на бутниот мускул на Белгиецот, која ја доби во првиот првенствен натпревар на „граѓаните“ оваа сезона.

dobivaj vesti na viber

Поради неа Де Брујне, кој е една од ѕвездите на европскиот клупски шампион, ќе биде надвор од терените неколку месеци. Сепак, Лајпциг одбил да се раздели со шпанскиот репрезентативец, бидејќи во изминатиот преоден рок продадоа неколку свои клучни играчи и не сакаа да се збогуваат со друг играч.

Договорот на Дани Олмо има откупна клаузула вредна 60 милиони евра, но таа стапува на сила од следното лето.

Олмо, кој неодамна повторно потпиша до јуни 2027 година, има 26 гола и 30 асистенции на вкупно 127 натпревари за Лајпциг.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо