Утрински Весник
Македонија

„Колку години се случува ова?“- пациентите од Онкологија побараа детална истрага и доставија листа на барања до обвинителите

Онколошки пациенти протестираа пред Обвинителството: бараат имиња и презимиња на инволвираните во кражбата на лекови

Тројца пациенти од Онкологија денес разговараа со двајцата обвинители кои ја водат предистрагата за случајот со кражбата на лекови на онкологија.

dobivaj vesti na viber

Пациентите ги повикаа сите кои имаат било какви сомневања и информации да одат во Обвиниелството или пак да контактираат со нив.

„Отворено ве повикуваме, не се плашете. Придружете ни се, дојдете на следната средба, споделете ја вашата приказна, дајте личен придонес, воедно ќе им помогнеме и ним да ја вршат истрагата. Или истото направете го на следниот телефон 076 304-872 на овој телефон ќе бидат запишани вашите податоци по што ќе ве контактира јавен обвинител или преку електронска пошта osnovnojav[email protected]“, порачаа пациентите по средбата.

Пред обвинителите посочиле кои лекови недостасуваат на онкологија и кои недостасувале во минатото, а нагласиле и дека истрагата мора да биде длабока, детална и да се врати години наназад.

Тие на состанокот со обвинителите доставија листа на барања, во која се наведува неопходноста да се направат детални испитувања и длабински да се прочешлаат историите на пациентите, бројот на истории кои се чешлаат. Прашуваат колку години наназад се случува ова. Побараа и по случаен избор да се изберат онколошки пациенти кои ќе имаат континуиран увид во истрагата и од истрагата ќе сведочат за веродостојноста.

На обвинителите им дале насоки за дополнителни лекови за кои сметаат дека треба да се испитува.

Пациентите и вечерва во 19 часот ќе протестираат пред Обвинителството, коментирајќи дека се оградуваат од политика.

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава