Еден човек загина во поплавите во Волос, централна Грција, откога бурата Даниел ја погоди Тесалија.
Пожарникарите биле повикани да спасат едно лице во Волос, но кога пристигнале, пронашле мртов маж, објави „Катимерини“.
Според прогнозата на метеорологот, во тој дел на Грција се очекуваат врнежи од дожд во наредните 24 часа, а синоќа беше исклучително обилен во Волос и во цела Тесалија.
BREAKING: Cars are now being washed into the sea in Agios Ioannis, Pelion. Flooding disaster ongoing in Thessaly, Greece. pic.twitter.com/uRr80Da0sB
— Nahel Belgherze (@WxNB_) September 5, 2023
Јавните и општинските служби во Волос и Тесалија денеска се затворени поради лошото време и поплавите. Во центарот на градот Волос поплавени се сите патишта, блокирани се стотина автомобили, а во прекин е и јавниот превоз.
Поплавено е и приморското одморалиште Милина, на југот на полуостровот Пелион, а во тој реон има и проблеми со снабдувањето со електрична енергија.
Водотекот Крафсидонас, кој минува низ Волос, ги надмина граничните нивоа на заштита од поплави за повеќе од три метри.
Невремето го зафати и Солун, а засега нема информации дека предизвикало некакви проблеми.