Утрински Весник
Спорт

Радески и Ибраими за победа на Струга по европската елиминација

Радески и Ибраими за победа на Струга по европската елиминација
Dik 300x250 mk

Актуелниот македонски шампион Струга со 3:1 го совлада тимот на Тиквеш во заостанат меч од шестото коло во Првата лига, за да се вратат на реалноста на лигашкиот фудбал по елиминацијата во баражот за влез во Конференциската лига од исландскиот Бреидаблик.

dobivaj vesti na viber

Марјан Радески по само 15 минути игра ги донесе домаќините во водство, за веќе во 21. минута да биде 2:0 по голот на Бесарт Ибраими од пенал. Ибраими стрелаше и во 31. минута за огромна 3:0 предност, за Тиквеш да врати надеж за камбек во 41. минута со голот на Џемал Ибраими.

Меѓутоа, потоа црвен картон доби Вареловски за гостите да останат со играч помалку, за рамнотежата да биде вратена по вториот жолт картон за Малиќи во 59. минута од мечот. Струга, за кои ова е само трет одигран меч, додека повеќето ривали веќе имаат шест меча зад нив, имаше шанса да го зголеми водството на 61. минута по уште еден пенал, но овојпат Ибраими не беше прецизен.

Фото: ФК Струга

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен