Утрински Весник
Македонија

(Видео) Николова: Членството во ЕУ носи економски придобивки, блокадите на ДПМНЕ ќе бидат поразени

(Видео) Николова: Членството во ЕУ носи економски придобивки, блокадите на ДПМНЕ ќе бидат поразени

Со приемот во ЕУ на Македонија и се отвора пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи, каде што македонските компании, под исти услови со компаниите од Унијата ќе може да ги понудат и пласираат своите производи и услуги, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Процесот на приклучување кон ЕУ значи хармонизација на законодавството со европските норми и стандарди, што создава подобри услови за бизнис и инвестиции, европеизирање на македонскиот бизнис модел.

Тоа ги отвора трговските перспективи со потенцијал за раст на БДП, кој, според досегашните искуства, кај државите од ЕУ, во првите пет години по членството растел со стапки од 80 до 90 отсто.

Истовремено се отвора и пристап до европските фондови, каде на располагање се најмалку 10 милијарди евра за земјоделството, енергетиката, малите и средните претпријатија, инфраструктурата, образованието“, вели Николова.

Членството во ЕУ, според неа, значи и шанса за голем скок на платите и раст на животниот стандард на граѓаните, имајќи го предвид фактот што во првите пет години по зачленувањето во ЕУ, растот на платите во земјите членки на ЕУ изнесувал од над 50 отсто, па се до 100 отсто.

„Но Христијан Мицкоски и ДПМНЕ сакаат тоа да го блокираат.

Со противењето на уставните измени, а со тоа и запирање на европскиот пат и неотворање на преговарачките поглавја, ДПМНЕ работи против интересите на државата и на граѓаните, од кои над 80 отсто се за членство во унијата“, нагласува Николова.

Можете да прочитате

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства