Адел сака набргу повторно да стане мајка и веќе има список со имиња.
Поп-дивата (35), која со поранешниот сопруг Сајмон Конецки го има 10-годишниот Анџело, разговараше со жена од публиката во текот на својот настап Weekends with Adele во Лас Вегас минатиот викенд.
Во видео на „Тик-ток“, споделено од фан што бил присутен на концертот, една бремена жена ја прашува за совет во врска со името на бебето што го очекува.
Држејќи два микрофона, еден за себе и еден за жената од публиката, Адел ѝ честита на идната мајка. Додека зборуваа за имиња, Британката призна дека нејзина голема желба е да стане мајка на две деца во блиска иднина. „Навистина сакам набргу повторно да бидам мајка“.
Обожавателката рече дека ќе роди девојче, но особено сака андрогино име. Потоа ја праша добитничката на „Греми“ кое име повеќе ѝ се допаѓа: Спенсер или Паркер?
Откривајќи го својот начин за избор на имиња, Адел додаде: „Всушност, пишувам списоци. Така, секојпат кога ќе видам име што ми се допаѓа, го запишувам во мојот телефон“.
Обожавателката ѝ рече на Адел кое име ѝ се допаѓа нејзе, така ќе го крсти и своето девојче. „Не можам да кажам Паркер бидејќи на Рич му се допаѓа тоа име!“, рече Адел. „Значи, велам Спенсер, ми се допаѓа Спенсер“.
Адел има 10-годишен син со поранешниот сопруг Симон Конецки. Тие го финализираа својот развод во март 2021 година по две години брак и речиси една деценија заедно.
Од тогаш е во врска со Рич Пол, основач на „Клач спортс груп“ и менаџер на славниот кошаркар Леброн Џејмс.