Утрински Весник
Македонија

Цврсто веруваме дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и можете да сметате на поддршката на Канада, порача Жоли по средбата со Османи

Цврсто веруваме дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и можете да сметате на поддршката на Канада, порача Жоли по средбата со Османи

Имавме продуктивна средба на која отворивме важни прашања и ја цениме посетата која доаѓа во клучен момент за земјава, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи за посетата на неговата колешка, министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли.

dobivaj vesti na viber

„Го поздравивме силното сојузништво во НАТО. Ние сме заедно дел од мисиите на НАТО во Летонија. Денешната средба е можност за да ја проектираме нашата иднина со оглед на тоа што сме две земји што делиме исти вредности“, нагласи Османи.

„Цврсто веруваме дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и можете да сметате на нашата поддршка“, нагласи Жоли.

„Северна Македонија е одлучна и способна и би сакала да ве охрабрам да ги продолжите вашите напори да пристапите кон ЕУ“, рече канадската министерка.

Упати пофални зборови за земјава во однос на поддршката на војната во Украина.

Инвестиравте многу во поддршката на Украина. Канада го направи истото и по глава на жител има дадено милијарди долари и ќе продолжиме да го правиме тоа заедно“, нагласи Жоли.

Министерката за надворешни работи на Канада посочи дека нејзнита посета доаѓа во клучен момент.

„Гледаме закани од авторитарни власти. Информациите кои се користат како оружје, Канада сака да го спречи ваквиот тип на војување кој Путин го води против Украина“, рече Жоли.

На прашањето кога Канада ќе воспостави безвизен режим за македонските граѓани во Канада, Жоли одговори дека сега сме стратешки партнери со тоа што обезбедуваме поблиска соработка и можеме да најдеме различни решенија за различни прашања.

Можете да прочитате

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации