Утрински Весник
Македонија

Oсмани: Големо „не“ за историски толкувања во преговорите, големо „да“ за правата на заедниците

Oсмани: Големо „не“ за историски толкувања во преговорите, големо „да“ за правата на заедниците

Министерот за навдворешни работи, Бујар Османи на панел на Блед стратешкиот форум во Словенија се осврна на францускиот предлог што доведе до договор со Бугарија лани, заклучувајќи дека уставните измени се дел од принципите на договорот, но не и било која дебата поврзана со идентитетот.

dobivaj vesti na viber

„Добро е што Александар Адам е со нас овде, бидејќи тој е еден од архитектите на таканаречениот француски предлог. И овој предлог што што доведе до договор минатата година се засноваше на некои принципи.

Принципот дека македонскиот јазик ќе биде во преговарачка рамка без никакви дополнувања и ќе биде официјален јазик на Европската Унија откако ќе станеме членка на ЕУ.

Големо НЕ за воведување историски толкувања во патоказите, кластерите, поглавјата, одредниците на преговарачкиот процес. Големо НЕ за секоја дебата за идентитетот попат.

Но, едно големо ДА за правата на заедниците, за правата на малцинствата без разлика на нивната големина, бидејќи ова е нашиот белег – Северна Македонија е позната по својата функционална мултиетничка демократија.

Значи, ДА за уставни измени, ДА за воведување на најширок пакет привилегии за сите заедници, вклучително и на бугарската заедница, кој врз основа на последниот попис брои околу 3500. Ова е принципот на кој се засноваме. Понекогаш кога имаме различни толкувања меѓу нас и Софија, велиме: Да ги повикаме Париз и Александар Адам да ни објаснат, затоа што тоа се главните принципи.”, рече Османи.

Можете да прочитате

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски