Утрински Весник
Македонија

Искри од брусилица предизвикаа пожар – брзата реакција на пожарникарите спречи поголема катастрофа

Img 1257.png

Брзата интервенција на пожарникарите од Виница спречи поголема катастрофа, откако при работа со брусилица избувнал пожар во сува трева, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според него, лицето со брусилица сечело делови од возило, при што искрите ја запалиле околната сува вегетација. Огнот за кратко време почнал да се шири, но благодарение на навремената реакција на виничките пожарникари, пожарот бил локализиран уште во почетната фаза.

„Голема благодарност до пожарникарите и апел до сите мајстори кои работат со алат што создава искри. Бидете внимателни, доволна е само една искра за да настане вистинска катастрофа. Во овој случај, трагедијата беше спречена благодарение на брзата интервенција, но доколку огнот се проширеше понатаму, ќе беа загрозени куќи, викендици, лозја и овоштарници“, порача Ангелов во објава на Фејсбук.

Тој уште еднаш апелира до граѓаните во услови на екстремно високи температури и сува вегетација да бидат максимално внимателни при користење алати што создаваат искри, бидејќи и најмала невнимателност може да предизвика пожар со сериозни последици.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол