Утрински Весник
Свет

Украински воен омбудсман: Во украинските вооружени сили се борат речиси 16.000 странци

Ukraina.webp.webp

Речиси 16.000 странски волонтери од 72 земји служат во вооружените сили на Украина, изјави денеска украински воен функционер, пренесе ДПА.

Речиси 40 отсто од странските борци во украинските редови доаѓаат од латиноамериканските земји, изјави воениот омбудсман Олха Решетилова.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека вооружените сили на Украина бројат околу 880.000 војници.

Доскорешниот министер за одбрана Михајло Федоров во јуни објави планови за зголемување на уделот на странски регрути во единиците за напад и пешадија на дури 50 отсто, потсетува германската агенција.

Киев се стреми да привлече регрути од целиот свет нудејќи просечна месечна плата еквивалентна на околу 6.700 долари.

Украина ја основа својата Меѓународна легија кратко откако Русија ја започна својата целосна инвазија во 2022 година за регрутирање странски волонтери.

Странски борци исто така служат на руска страна, потсетува ДПА. 

Можете да прочитате

Крадец провалил во кафуле во Германија, касата не ја допрел, туку крадел торта и сладолед

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

По дводневен целосен прекин, Куба повторно има струја