Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Маричиќ: ЕУ со нови држави членки до 2030, следниот чекор зависи од нас

Маричиќ: ЕУ со нови држави членки до 2030, следниот чекор зависи од нас
300x250 opst2

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој учествува на Бледскиот стратешки форим на својот Фејсбук профил напиша дека „2030 е годината која и ние ја определивме како целна година за членство во ЕУ, што е доказ дека со нашите европски партнери имаме иста цел“.

dobivaj vesti na viber

„После 10 години, денес во име на сите држави членки на ЕУ првпат се зборува за временска одредница за следното проширување. ЕУ во наредните месеци треба да ги донесе клучните одлуки за проширувањето на ЕУ и за забрзување на реформите и за олеснување на проширувањето, во рамки на европските правила“, вели Маричиќ, посочувајќи дека и ние треба да донесеме важни одлуки за иднината на државата и како сакаме да ја развиваме.

Според Маричиќ не станува збор само за државнички процес, или пак само за стратешка цел, туку дека се работи за иднината на нашите деца и за успехот на државата.

„ЕУ испорача временска рамка и дава извесна европска перспектива на регионот за евроинтеграција, затоа чекањето не треба да е стратегијата што ја бираме. Наша обврска е да го искористиме моментот и со заедништво да ги завршиме задачите, со посебен фокус на реформите, да побрзаме 2030 Северна Македонија да е држава членка на ЕУ“, порачува Маричиќ.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор

УХМР најавува пресврт на времето – од вторник со температури до 23 степени

Засилени сообраќајни контроли: 21 лице лишено од слобода за безобзирно возење