Утрински Весник
Македонија

Приведен е командирот кој пукаше со калашников од балкон

(Видео) Ковачки: командир во полиција пука со калашников од балкон

Командирот кој со автоматска пушка пукаше на веселба денеска е приведен.

dobivaj vesti na viber

Од МВР соопштија дека ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој ќе биде суспендиран до донесување на решение во дисциплинската постапка.

Денеска (27.08.2023) од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп е лишен од слобода и задржан во ПС ОН Прилеп Е.Р. (30) од с.Дебреште, командир на ПО Ропотово, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ односно поради основи на сомнение дека на 19.08.2023 на свадба кај негови роднини во семејна куќа во с.Дебреште пукал од огнено оружје – се вели во соопштението од МВР.

ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот во координација со ОЈО Прилеп и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и по целосно расчистување на случајот, до ОЈО Прилеп ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скандалот го обелодени пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

-Со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава. Ова е во МК, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо. Не одговара ниту тој што го поставил, напиша Ковачки.

Можете да прочитате

Кабинетот на Гаши демантира вмешаност на личното обезбедување

СДСМ: Министерката Кочовска ги омаловажи сите вработени во институциите

Реакција на ТАВ за инцидентот на скопскиот аеродром