Утрински Весник
Свет

Унгарија планира за две недели да забрани увоз на украинско жито

Украина испорача 8,1 милиони тони жито преку романското пристаниште Констанца

Унгарија планира од 16 септември да го забрани увозот на украинско жито со цел да ги заштити своите земјоделци, изјави денеска унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ.

dobivaj vesti na viber

-Доколку Европската унија не ја продолжи забраната за увоз на украинско жито во Европа пред истекот на мерката на 15 септември, Унгарија ќе забрани 24 производи врз кои првично влијаеја мерката на ЕУ, место четирите што во моментов се забранети, рече тој.

Пет членки на ЕУ од Централна Европа побараа од Брисел да ја продолжи забраната за увоз на украинско жито по 15 септември, потсетува Бета.

Полска, Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка бараат забраната за четири украински производи: брашно, пченка, семе од репка и семки од сончоглед, да остане и по истекот на рокот, а тие да можат транзитно да се извезуваат низ овие земји.

Можете да прочитате

Девет лица го загубија животот, а 26 се повредени во експлозија во фабрика за пиротехника во Кина

Зеленски: Нападот врз Киев е најтежок од почетокот на војната, Русија употреби повеќе од 440 дронови

Двегодишно дете од Бразил со пиштол ја застрелало својата мајка