Утрински Весник
Спорт

Неверојатна сензација на СП! Летонците ја исфрлија Франција!

Неверојатна сензација на СП! Летонците ја исфрлија Франција!

Едни од најголемите фаворити за медал на Светското првенство во кошарка, Франција е елиминирана по вториот пораз во два меча, губејќи во драматична завршница со 88:86 од Летонија, која веќе е во втората фаза.

dobivaj vesti na viber

Французите го имаа водството од почетокот до крајот на мечот, за Летонија првото водство да го добие со 87:86 во последната минута од мечот со поените на Роландс Шмитс, за потоа Французите да не успеат во нападот за победа, а Жагарс го потврди големиот триумф. За Французите поразот беше кобен, бидејќи загубија и во првото коло од Канада, и сега ќе играат за пласман од 17. до 22. место.

Јапонците, пак, со фантастичен пресврт стигнаа до 98:88 победа над Финска, откако надополнија 18 поени разлика за важен триумф. Финците во второто полувреме имаа двоцифрена предност, за пред последната четвртина да имаат +10 (73:63). Но, Јапонците вратија со серија 11:3 за на пет минути пред крајот разликата да е само два поени.

По ова, Јапонија играше фантастично за да осигура победа со која остануваат во игра за пласман во втората рунда, за кој ќе одлучуваат во директен дуел со Австралија. Хокинсон заврши со 29 поени и 19 скока за Јапонците, Кавамура додаде 25, додека Лаури Марканен имаше 27 поени и 12 скока за Финска, која веќе е елиминирана по двата порази.

СП КОШАРКА 2023, 2.КОЛО
Филипини – Ангола 70:80 (19:12, 14:24, 19:20, 18:24)
Јапонија – Финска 98:88 (22:15, 14:31, 27:27, 35:15)
Литванија – Мексико 96:66 (32:17 21:17 23:17, 20:15)
Франција – Летонија 86:88 (33:26, 20:23, 21:13, 12:26)

Standings provided by Sofascore
Standings provided by Sofascore
Standings provided by Sofascore



Standings provided by Sofascore

Можете да прочитате

Ѓоковиќ рутински се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри

Француската триатлонка Богран го освои златото на Олимписките игри

Надал и Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир