Утрински Весник
Свет

(Видео) Герашченко: Такви дупки како на урнатиот авион прават противвоздушните одбранбени системи

(Видео) Герашченко: Такви дупки како на урнатиот авион прават противвоздушните одбранбени системи

Во Русија се урна авион во кој наводно се наоѓал Евгениј Пригожин, шефот на Вагнер. Пригожин бил на списокот на патници, но се уште не е потврдено дека бил во авионот.

dobivaj vesti na viber

Во меѓувреме не е јасно како дошло до несреќата. Една од првите теории е дека авионот бил соборен од руската противвоздушна одбрана. На социјалните мрежи се споделуваат снимки од авион како паѓа вертикално на земја и се ротира во воздух. Пожар избувнал кога паднал на земја.

Досега се пронајдени осум тела, а според руските медиуми телата се непрепознатливи.

Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи, сугерира дека зад соборувањето на авионот навистина стои руската воздушна одбрана.

„Руските медиуми јавуваат дека авионот на Евгениј Пригожин бил соборен од противвоздушен одбранбен систем. На видеото можете да видите многу мали дупки на некои делови од урнатиот авион.

Вака може да изгледаат оштетувањата од противвоздушните одбранбени системи кои содржат деструктивни елементи кои можат да го уништат трупот на авионот“, напиша Герашченко.

Можете да прочитате

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во Хонг Конг