Утрински Весник
Македонија

На Богородица и Табановце се чека околу 40 минути

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 40 минути, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

По речиси 15 години се враќа А2 Телевизија

Во следните две недели ќе бидат познати имињата на кандидатите за градоначалници, вели Митева

Македонија во Рим го одбележува денот на Свети Кирил и Методиј