Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нема проекти во Скопје, антиевропската ДПМНЕ со Ќосето ги враќа спомениците на режимот

Не е точно дека советник од СДСМ гласал за враќање на споменикот на Ќосето, реагира владејачката партија

Катастрофа му се случува на Скопје секогаш кога ДПМНЕ и нејзини градоначалници го водат Градот, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Скопје, како што оценуваат од партијата на власт, две години е град без перспективи, со нефункционални институции, преплавен со ѓубре, без достоен јавен превоз, без ниту еден реализиран нов капитален проект.

„И наместо да понуди решенија, антиевропската партија ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, на скопјани им нуди споменици од режимот, како оној на Андон Јанев-Ќосето, историска контроверзна личност – еден од најголемите крвници на македонскиот народ. Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет. Неговата локација пред зградата на судот беше сфатена како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт.
Најавата за повторно поставување на споменикот на Ќосето е продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската антиевропска ДПМНЕ и ништо друго“, наведуваат од владејачката партија.

СДСМ преку својата советничка група ќе се спротивстави, како што велат, на предлогот за враќање на споменикот и, според оваа партија, тој не треба да биде никогаш повеќе поставен каде било, неговото место е во негативните поглавја од македонската историја.

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата