Реал Мадрид во финишот на преодниот рок ќе се обиде да го реализира трансферот на Килијан Мбапе, тврди „Билд“, Според овој извор, Реал ќе тргне по Мбапе на 29, 30 или 31. август.
Килијан Мбапе, синоќа играше за ПСЖ кај Тулуз од 51.минута, десет минути подцна постигна гол од пенал. Додека го прославуваше првиот гол во новата сезона викаше кон навивачите: „Останувам овде, останувам овде…“.
„Билд“, тврди дека Мбапе нема да остане во Париз. Водечкиот германски спортски медиум, објави информација дека Реал во финишот на преодниот рок ќе понуди 120.000.000 евра за Мбапе.
Понатаму се додава дека на овој начин „Реал ќе ја префрли топката кај ПСЖ“. Мбапе има договор до крајот на сезоната, овој преоден рок е последната шанса ПСЖ да заработи од неговиот трансфер.
Токму ова првиот човек на Реал, Флорентино Перез ќе се обиде да го искористи. Сака да го стави ПСЖ пред свршен чин.
На Реал му треба нов напаѓач, бидејќи по заминувањето на Карим Бензема, остана само со ветеранот Хоселу.