Утрински Весник
Македонија

(Видео) Со викање заврши седницата за уставните измени, реакциите доаѓаат од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

(Видео) Со викање заврши седницата за уставните измени, реакциите доаѓаат од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Со дерење заврши првата седница за уставните измени. Собранискиот спикер Талат Џафери ја затвори седницата во 15 часот, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ станаа, викаа и негодуваа барајќи да се гласа за отворање на Уставот.

dobivaj vesti na viber

„Овде сме, зошто да не гласаме, ајде да гласаме“, рекоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ откога претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја заврши денешната седница.

Ваквото барање беше за да докажат дека Владата нема мнозинство, ни поддршка за да го затвори процесот на уставните измени со вметнување на Бугарите.

Сепак, Џафери не ја продолжи седницата, која може да трае најмногу 10 работни дена и рече дека за продолжението дополнително ќе ги извести.

Претходно, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, од говорницата повика да не се затвори седницата и да им биде овозможено да гласаат.

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“