Утрински Весник
Свет

Рекордна заплена на 100 килограми дрога на Корзика, уапсени седум лица

Рекордна заплена на 100 килограми дрога на Корзика, уапсени седум лица

Безбедносните служби заплениле рекордно количество наркотици на Корзика и при акцијата уапсиле седум лица.

dobivaj vesti na viber

Според локалниот весник Корс Матен, за време на акцијата за борба против дрогата спроведена на Корзика на 15 и 16 август, запленети се повеќе од 100 килограми канабис и над седум килограми кокаин, објави француски Фигаро.

Дрогата била запленета кога бродот Корзика лајн се закотвил во пристаништето Бастија, соопшти обвинителството во Ајачио, наведувајќи дека целта на шверцерите била „да го преплават пазарот со наркотици низ Корзика, вклучително и регионот Порто Векио, а особено областите на Пјетрабла и Каен“.

Успешната операција беше резултат на повеќемесечна истрага за време на која беше утврдено дека бродот Корзика Лајн најверојатно превезувал наркотици.

„Ова е најголемата заплена на наркотици на Корзика досега. Проценуваме дека со оваа акција се уништени четири центри за дистрибуција на дрога вредни неколку милиони евра“, изјави обвинителот од Ајачио во разговор со новинар од Корс-Матен.

Можете да прочитате

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани