Утрински Весник
Македонија

Подигнати 300 тони отпад од диви депонии во неколку општини во Скопје

Подигнати 300 тони отпад од диви депонии во неколку општини во Скопје

Во текот на изминатите два дена, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 300 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад.

dobivaj vesti na viber

Активностите се одвиваа во општината Карпош – во населеното место Злокуќани, на повеќе локации во општината Ѓорче Петров, како и во општината Бутел – на улицата Радишанска и во непосредна близина на пазарчето, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

Екипите на Претпријатието во текот на минатата ноќ интервенираа и на улицата Максут Садик во близина на Амбасадата на САД, каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни површини. На посочената локација е отстранета уште една обемна дива депонија, по што е спроведено машинско миење со автоцистерни, се додава во соопштението на Комунална хигиена-Скопје.

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?