Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

АЕК го шокираше Динамо Загреб на „Максимир“, Галатасарај и Брага одат понатаму во ЛШ

АЕК го шокираше Динамо Загреб на „Максимир“, Галатасарај и Брага одат понатаму во ЛШ
Img 7972

Хрватскиот првак Динамо Загреб имаше предност, но на крајот со пораз од 1:2 го заокружи првиот дуел на „Максимир“ против АЕК Атина, во квалификациите за Лигата на шампионите. Сега на „модрите“ ќе им биде потребно чудо на реваншот во сабота за да се пласираат во плеј-офот од елитното европско клупско натпреварување.

dobivaj vesti na viber

Булат донесе водство за Динамо Загреб во 39.минута, но Ѕубер израмни во 59.минута. Јаланопулос во 90.минута се погрижи за целосен пресврт.

Останатите дуели вечерва добиваат разврска. Галатасарај и вторпат ја победи Олимпија, овојпат со 1:0 во Истанбул и се пласира во следната рунда. Стрелец на победничкиот гол беше Мауро Икарди.

Молде го победи Клаксвик со 2:0 по продолженија и го сопре чудото од Фарски Острови, а ФК Копенхаген на пенали ја елиминира Спарта Прага.

Португалскиот претставник Брага повторно беше убедлив против српскиот вицепрвак ТСЦ и славеше со 1:4 на реваншот во Србија.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица