Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Стана пракса лекови да се набавуваат откако ќе почине пациент

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ станува нервозна, по медиумите, на удар се нивните членови и пратеници

„Од Владата на СДС и ДУИ граѓаните трпат само штети. Почина пациентка од треска што ја пренесуваат крлежи, на вработената од Инфективна и се влошува состојбата.

dobivaj vesti na viber

Здравствените власти се само политички циркузанти.

Здравствените власти без одговори. А треба многу одговори.

Дали е точно дека директорката е на одмор и ако е точно каков е тој директор што кога вакво нешто се случува не го прекинува одморот?

Каде е министерот за здравство да излезе во јавност или и тој е на одмор?

Реагирала ли Комисијата за интрахоспитални инфекции и што е преземено од нивен аспект?

Кога веќе зборуваат за етика, најпрво да одговорат дали во работата со вакви пациенти се инволвира доволно обучен персонал, дали ова е етички и кој ќе одговара за тоа?

Очигледна и типична, а богами и заразна е неодговорноста на одговорните по функција, ама не и во пракса, од директор до министер.
Само неодговорност, затоа избори и крај на оваа неодговорност!“

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег