Утрински Весник
Спорт

Челзи под истрага во Премиер лигата

Челзи под истрага во Премиер лигата

Премиер лигата истражува дали Челзи го прекршил финансискиот фер плеј.

dobivaj vesti na viber

УЕФА ги казни „сините“ со 8,6 милиони фунти во јули поради кршење на финансискиот фер-плеј, како резултат на „доставување нецелосни финансиски информации помеѓу 2012 и 2019 година“.

Тие прекршоци новите сопственици ги пријавиле по купувањето на клубот во мај, а за слични проблеми ја известиле и Премиер лигата, објави денеска Би-би-си.

Лигата сега размислува дали конкретните обвиненија, како оние против Манчестер сити и Евертон, се соодветни. Првобитната казна се однесуваше на седумгодишниот период кога сопственик беше Роман Абрамович.

По политички притисок, рускиот милијардер минатиот мај го продаде клубот на американскиот инвеститор Тод Боли и на приватната инвестициска компанија „Клирлејк Капитал“.

Челзи соопшти дека целосно соработувале со УЕФА за време на истрагата и дека склучиле договор за порамнување со европската куќа на фудбалот.

Клубовите може да бидат казнети финансиски или да им бидат одземени бодови доколку се утврди дека се виновни за кршење на финансиските правила.

Шампионот на Европа и Премиер лигата Манчестер сити беше обвинет за прекршување на повеќе од 100 финансиски правила во февруари, а Евертон во мај беше упатен до независната комисија на Премиер лигата поради наводни финансиски неправилности.

Двата клуба негираа дека го изиграле финансискиот фер плеј.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност