Утрински Весник
Свет

Спасен маж откако поминал 35 часа на чамец во океан во Флорида

Спасен маж откако поминал 35 часа на чамец во океан во Флорида

25-годишен маж е спасен по околу 35 часа поминати на полупотонат чамец во Атлантскиот Океан, на околу 20 километри од брегот на Флорида.

dobivaj vesti na viber

Чарлс Грегори исчезнал во близина на брегот на Флорида, каде што отишол на риболов рано утринава, изјави неговиот татко за Си-Ен-Ен. Неговото семејство контактирало со крајбрежната стража откако младиот човек не се вратил на пристаништето во Сент Августин, Флорида.

Американската крајбрежна стража соопшти дека нејзините членови го спасиле Чарлс откако го забележале од авионот како седи во неговиот чамец.

„Тој беше исплашен до смрт. Рече дека во тие 30 часа му се обратил на Бог повеќе пати отколку во целиот свој живот“, рекол таткото на младиот човек, Рејмонд Грегори.

Тој изјавил дека додека неговиот чамец се оддалечил од брегот, Чарлс ги загубил појасот за спасување и мобилниот телефон, видел ајкули и бил каснат од медуза.

Можете да прочитате

Во Украина се урна уште еден авион Ф-16

Рубио: САД се вознемирени од хуманитарната ситуација во Појасот Газа

Нема директни преговори меѓу Украина и Русија: трилатерални средби во Истанбул денес