Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Филипини: Кинеската крајбрежна стража пукаше со водени топови кон нашите бродови

Филипини: Кинеската крајбрежна стража пукаше со водени топови кон нашите бродови
300x250 opst2

Филипините ја обвинија кинеската крајбрежна стража дека пукала со водени топови кон филипинските бродови и дека спроведува опасни маневри во Јужното Кинеско Море.

dobivaj vesti na viber

„Филипинската крајбрежна стража силно ги осудува опасните маневри на кинеската крајбрежна стража и нелегалната употреба на водени топови против бродовите“, соопшти крајбрежната стража на Филипини во саботата.

Во понеделникот, Кина одговори на овие обвинувања и рече дека филипинската крајбрежна стража неовластено влегла во нејзините води.

„Два брода за снабдување на Филипините и два брода на крајбрежната стража илегално влегоа во водите кај гребенот Ренаи на кинеските острови Нанша“, изјави Ган Ју, портпарол на кинеската крајбрежна стража, цитиран од Си-Ен-Ен.

Ју тогаш ја повтори територијалната претензија на Кина над островите и Јужното Кинеско Море, велејќи дека ќе продолжи да го спроведува законот во регионот. Државниот секретар на САД изрази поддршка за Филипините и ја повика Кина да ја почитува слободата на навигација.

Јужното Кинеско Море долго време е извор на тензии меѓу Филипините и Кина. Пекинг тврди дека има неоспорен суверенитет на речиси целото Јужно Кинеско Море, како и на повеќето острови.

Можете да прочитате

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати