Утрински Весник
Македонија

Приведен 22-годишник од Египет, криумчарел мигранти

Приведени тројца криумчари на мигранти, пронајдени седум мигранти од Сирија

Вчера во Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода 22-годишниот И.Х. од Египет, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Околу 07.30 часот тој бил затекнат со група од 25 лица мигранти (меѓу кои пет малолетници), сите од Сирија и по преземени мерки било утврдено дека тој ги организирал и им помогнал илегално пеш да ја поминат државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а И.Х. бил задржан во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

И во сабота ќе може да се вади полномошно за патување на малолетници во странство

Пијан маж во Дебар возел без возачка, направил сообраќајка па нападнал полицајци

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот